ПРВ.мк
Балкан

ЖЕШТИНА КОЈА УБИВА: 17-годишник завршил со срцев удар по топлотен шок

ЖЕШТИНА КОЈА УБИВА: 17-годишник завршил со срцев удар по топлотен шок

17-годишно момче од Србија доживеало срцев удар кој, според лекарите, најверојатно бил предизвикан од екстремно високите температури и топлотниот бран.

Момчето претрпело таканаречен СТЕМИ инфаркт (акутен миокарден инфаркт) и веднаш било префрлено во Клиничкиот центар во Белград, каде му е укажана итна медицинска помош.

Лекарите од Итната помош во Белград наведуваат дека топлината може да биде еден од факторите што доведуваат до вакви сериозни состојби, особено кај лица со скриени здравствени ризици или предиспозиции.

Кардиологот д-р Невена Карановиќ објаснува дека високите температури дополнително го оптоваруваат срцето и можат да предизвикаат сериозни компликации, дури и кај млади и наизглед здрави луѓе.

Според неа, комбинацијата од дехидрација, низок притисок и топлотен стрес може да доведе до намален проток на крв во срцето, што во екстремни случаи резултира со инфаркт.

Таа предупредува дека првите симптоми на топлотен удар се силна слабост, вртоглавица, зуење во ушите, „ѕвезди“ пред очите и мачнина, и нагласува дека во такви случаи е потребна итна медицинска помош.

Лекарите апелираат граѓаните да избегнуваат престој на сонце во најжешкиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и да внимаваат особено лица со хронични заболувања.

Исто така се предупредува дека наглото излегување од разладени простории на голема жештина може да предизвика опасни промени во крвниот притисок и крвните садови.