ПРВ.мк
Балкан

ШОК НА ГРАНИЦА: Го запреле автомобилот, ќе ве изненади што откриле!

ШОК НА ГРАНИЦА: Го запреле автомобилот, ќе ве изненади што откриле!
Kristal

Царинските службеници на 23 февруари 2026 година на граничниот премин Прешево, во соработка со полицијата, спречиле обид за криумчарење вредни предмети и наркотични супстанции, со вкупна проценета вредност поголема од 30.000 евра.

При детална контрола на автомобил на излез од земјата, во возилото била откриена колекционерска збирка која содржела масивен бисерен ѓердан украсен со разнобојни камења, 10 парчиња златен накит, 186 сребрени монети од различни историски периоди, 60 сребрени прстени, 37 користени рачни часовници, како и камен со интензивна црвена боја налик на рубин.

Но, изненадувањето не завршило тука. Во багажникот била пронајдена и тегла со 1.250 семки од марихуана, како и помала количина амфетамин и екстази. Пронајдените наркотични супстанции биле предадени на понатамошна постапка кај надлежните органи.

Со одлука на надлежниот прекршочен суд, криумчарената стока и автомобилот биле трајно одземени, а возачот бил парично казнет согласно законските прописи.

Надлежните институции најавуваат засилени контроли на граничните премини, со цел спречување на нелегален пренос на вредни предмети и недозволени супстанции.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo