Државјанин на Србија бил уапсен на граничниот премин Реске, откако унгарската полиција открила неправилности кај возилото што го управувал.
Инцидентот се случил на преминот што води кон Хоргош, кога на контрола пристигнал кампионет со француски регистарски таблички. Возилото било проценето на околу 18.600 евра.
При детална проверка, службениците утврдиле дека бројот на шасијата бил фалсификуван. Дополнително, француските власти претходно издале налог за задржување на возилото, по што полицијата во Сегедин веднаш постапила согласно процедурите.
Кампионетот бил запленет, а српскиот државјанин бил приведен. Против него е покрената кривична постапка.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности поврзани со случајот, како и евентуалната поврзаност со поширока мрежа на нелегални активности.


















