ПРВ.мк
Балкан

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Забранета продажба на алкохол по 21 часот, властите сакаат да го вратат редот!

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Забранета продажба на алкохол по 21 часот, властите сакаат да го вратат редот!

Хрватскиот крајбрежен град Макарска воведе нова мерка која предизвика големо внимание кај јавноста – продавниците повеќе нема да смеат да продаваат алкохолни пијалаци во доцните вечерни и ноќни часови.

Со оваа одлука, Макарска стана првиот град во Хрватска кој воведува ваков вид ограничување. Забраната ќе важи на целата територија на градот и ќе се применува секој ден во периодот од 21 часот навечер до 6 часот наутро.

Мерката се однесува на сите трговски објекти каде што се продаваат алкохолни пијалаци, вклучително и продавници, пекарници и продавници за тутун. Работното време на овие објекти нема да биде променето, а ограничувањето нема да важи за рестораните и угостителските објекти.

Од Општина Макарска објаснуваат дека одлуката е донесена поради проблемите кои се појавуваат во текот на туристичката сезона, особено во летните месеци кога градот е преполн со посетители.

Според локалните власти, во стариот дел на градот и на плажите често се создаваат големи собири во доцните часови, кои неретко се проследени со прекумерна бучава, несоодветно однесување, големи количини отпад и случаи на оштетување на јавниот простор и историското јадро.

Од општината сметаат дека ограничувањето на ноќната продажба на алкохол може да помогне во намалување на проблемите поврзани со доцното консумирање алкохол и нарушувањето на јавниот ред.

„Решението е насочено кон воспоставување рамнотежа меѓу квалитетот на животот на граѓаните, економскиот интерес, потребите на посетителите, како и зачувувањето на културното наследство и идентитетот на градот“, наведуваат од Општина Макарска.

Властите додаваат дека целта не е ограничување на туристичката понуда, туку создавање услови во кои ќе можат да живеат и граѓаните и посетителите, со посебен акцент на одржливиот развој на градот.

Најнови вести