ПРВ.мк
Балкан

Дојава за бомба пред настапот на Јала и Буба – настанот прекинат!

Дојава за бомба пред настапот на Јала и Буба – настанот прекинат!

Планирано беше вечерва во еден клуб во Сараево да настапат познатите рапери од Босна и Херцеговина – Јала Брат и Буба Корели, но се појави шокантна информација. Целиот настан е прекинат поради дојава за бомба, јавува порталот Аваз.

Од Оперативниот центар на МВР на Кантонот Сараево потврдија дека на терен се испратени полициски службеници. Едно полициско возило, како и комбе, се наоѓаат на местото на настанот.

Голем број од публиката останала чекајќи во ред додека трае безбедносната проверка. Повеќе информации ќе бидат објавени дополнително, наведува споменатиот портал.

Escape