Со летната сезона во полн ек, сите сакаме безгрижно да уживаме, но грчката царина не трпи грешки. Заборавете на месо, млеко и млечни производи – тие се целосно забранети! Дури и пржени или зготвени јадења нема да ви ги дозволат.
Но, постојат и добри вести – овошје и зеленчук (освен компири), храна за бебиња, миленици, ориз, кечап, макарони и чоколадо може да минат низ контролата, секако ако не претерате. Ограничувањата за алкохол и тутун зависат дали доаѓате од ЕУ или од надвор, а постојат строги лимити кои ако ги надминете, ќе ви ја зголемат главоболката.
Не заборавајте дека цигарите за лична употреба се строго контролирани – во некои случаи дозволени се само 40 парчиња, па не ризикувајте!
И, внимавајте на растенијата со земја и антиквитетите – нивното внесување или изнесување е строго забрането и казните се сурови.
Ова се правилата што мора да ги знаете пред да тргнете – за да не ви го расипат одморот уште на границата.