ПРВ.мк
Балкан

БРУТАЛЕН НАПАД: Тинејџер избоден со длабоки рани по целото тело, нападот шокира!

БРУТАЛЕН НАПАД: Тинејџер избоден со длабоки рани по целото тело, нападот шокира!

Во напад што се случил синоќа околу 23:25 часот во општината Савски Венац, поточно во улицата Манасијева, тешко е повреден 19-годишен тинејџер откако бил нападнат со нож.

Тинејџерот добил повеќе убодни рани по телото и веднаш бил пренесен во Ургентен центар.

Според информациите, неговите повреди се многу сериозни. Тој бил избоден во вратот, грбот, главата и тилот, а раните биле подлабоки од 10 сантиметри.

До нападот дошло кога група непознати лица го пресретнала додека возел автомобил. Напаѓачите биле маскирани со фантомки и прво го удирале со раце и нозе, а потоа еден од нив извадил нож и му нанел повеќе убоди.

Надлежните органи го истражуваат случајот и работат на пронаоѓање на напаѓачите.