ПРВ.мк
Балкан

Во Бар откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора – уапсени две лица

Во Бар откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора – уапсени две лица

Црногорската полиција објави дека во голема акција со кодно име „Трново“, во местото Трново кај Бар, е откриена досега најголемата плантажа со марихуана во земјата.

👉 При претресот биле пронајдени 8 парцели со околу 13.100 садници канабис, опремени со системи за наводнување, современа технологија за одгледување и обезбедување, што укажува на високо ниво на организација.

На лице место биле затекнати и уапсени:

  • Златко Мараш (40) од Зета
  • Драган Перовиќ (65) од Бар

Полицијата извршила претрес и на неколку куќи и возила поврзани со осомничените, при што се пронајдени дополнителни докази кои ќе бидат вештачени.

Двајцата се товарат за недозволено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги, а обвинителството во Подгорица го води случајот.

Од Управата на полицијата нагласуваат дека оваа акција е доказ за нивната одлучност во борбата против организираниот криминал и заштитата на граѓаните.

Escape