Иран лансираше балистичка ракета кон Турција, соопшти Анкара. НАТО системите за противвоздушна одбрана успеаја да ја пресретнат ракетата пред да влезе во воздушниот простор на Турција.
Ракетата претходно поминала преку воздушниот простор на Ирак и Сирија, каде била детектирана од радарските системи. Министерството за одбрана на Турција соопшти дека остатоците од ракетата паднале во регионот Хатај и дека нема повредени или жртви.
Анкара истакнува дека ќе одговори на секоја закана без одлагање и дека има капацитет и волја да ја обезбеди безбедноста на земјата и нејзините граѓани.
- Способни сме да го заштитиме нашиот воздушен простор и нашите граѓани, без оглед од каде доаѓа заканата. Сите неопходни мерки ќе бидат преземени решително и без одлагање. Исто така, ги повикуваме сите страни да се воздржат од акции кои би можеле да ја ескалираат ситуацијата – соопшти Министерството за одбрана на Турција.
Турција ќе продолжи консултации со НАТО и другите сојузници за да се обезбеди регионална стабилност и мир.


















