ПРВ.мк
Македонија

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Автомобил излетал и удрил во бетонски скали во Велес!

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Автомобил излетал и удрил во бетонски скали во Велес!
Kristal

Во сообраќајна несреќа што се случила на 3 март 2026 година во 09:40 часот на улицата „Сараевска“ во Велес, патничко возило „Форд Ескорт“ со велешки регистарски ознаки излетало од патот и удрило во бетонски скали од куќа.

Според информациите од СВР Велес, возилото го управувал А.Н. (77) од Велес. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo