ПРВ.мк
Свет

„АМЕРИКАНСКО ТОРПЕДО ПОГОДИ ИРАНСКИ БРОД“ - 150 лица се водат како исчезнати!

„АМЕРИКАНСКО ТОРПЕДО ПОГОДИ ИРАНСКИ БРОД“ - 150 лица се водат како исчезнати!
Kristal

Близу 150 лица се водат како исчезнати, а повеќе десетици се повредени по напад врз ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка, јавуваат светските агенции повикувајќи се на извори од морнарицата и Министерството за одбрана на таа земја.

Според тројца американски официјални претставници, американската војска извела напад во кој бил потопен ирански воен брод во Индискиот Океан.

Морнарицата на Шри Ланка спасила најмалку 32 лица од бродот „Iris Dena“, на кој наводно имало околу 180 членови на екипажот. Бродот испратил повик за помош утрово, на околу 40 километри јужно од пристаништето Гале, изјавил министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат.

Од Министерството за одбрана на Шри Ланка соопштиле дека спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата, но засега не е познато што се случило со останатите членови на екипажот. Повредените биле префрлени во болница во близина на местото од каде што бил испратен сигналот за помош.

Американскиот министер за одбрана, Pete Hegseth, на прес-конференција изјавил дека САД во Индискиот Океан потопиле „ирански воен брод кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“.

– Наместо тоа, беше погоден од наше торпедо – изјавил Хегсет, без да го именува бродот што бил цел на нападот.

Засега не е прецизирано колку точно лица се наоѓале на бродот во моментот на нападот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo