ПРВ.мк
Балкан

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: Мајка и ќерка прегазени на тротоар!

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: Мајка и ќерка прегазени на тротоар!
Kristal

Во вечерните часови во општина Сјеница, Србија, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа мајка (44) и ќерка (12), а нивниот син (9) е тешко повреден и се бори за живот во болницата во Ужице.

Очевидци велат дека го чуле звукот од брзата помош и сирените и веднаш знаеле дека се случила трагедија. Несреќата се случила кога возачот на „Шкода“ ја изгубил контролата и автомобилот излетал на тротоарот, каде во тој момент се движеле мајката и децата.

Возачот, А.К., веднаш застанал и бил однесен во полициската станица.

Повредената мајка работела во Полициската управа на Нови Пазар и била ангажирана во промоција на безбедно и бавно возење.

По трагедијата, во Сјеница се прогласени три дена жалост.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo