Соединетите Американски Држави ги повикаа своите граѓани да ги одложат патувањата на Кипар и овозможија заминување на дел од американското дипломатско особено и членовите на нивните семејства, предупредувајќи за зголемените безбедносни ризици поради ширењето на војната на Блискиот Исток.
Нови напади со дронови и евакуација на Кипар Во новите напади, дрон погоди писта на британската воена база RAF Акротири на Кипар, што дополнително ги зголеми тензиите на островот. Американскиот Stejt department соопшти дека одлуката за евакуација е донесена поради „закана од вооружен конфликт“, додека судирите меѓу САД, Израел и Иран се шират низ источниот Медитеран.
Од почетокот на непријателствата на 28 февруари, дојде до сериозни нарушувања во комерцијалниот воздушен сообраќај, а Кипар постепено се наоѓа во центарот на регионалната криза.
Реакции од европските земји Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, потврди дека дошло до напад и соопшти дека поради безбедносната ситуација во Никозија е откажан неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ.
Во меѓувреме, Велика Британија и Франција најавија засилено воено присуство на островот. Британскиот премиер Кир Стармер најави распоредување на разурнувачот HMS Dragon, додека францускиот претседател Емануел Макрон најави испраќање фрегата и системи за противвоздушна одбрана.
Компликувана ситуација на Кипар Ситуацијата дополнително се усложнува поради присуството на грчки борбени авиони F-16 на островот, како и доаѓањето на европски воени бродови во источниот Медитеран.
Аналитичарите предупредуваат дека Кипар може да стане една од клучните точки на загриженост за Европската унија доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи да се шири во Медитеранот.


















