ПРВ.мк
Балкан

ДРАМА НА МАГИСТРАЛАТА! Автомобил излета од коловоз и падна во езерото - службите на терен

ДРАМА НА МАГИСТРАЛАТА! Автомобил излета од коловоз и падна во езерото - службите на терен

На магистралниот пат Подгорица–Бар синоќа околу 20 часот се случила сообраќајна незгода во близина на Вирпазар, која предизвикала краткотраен застој и отежнат сообраќај на оваа фреквентна делница.

Според првичните информации, возило со српски регистарски ознаки од засега непознати причини излетало од коловозот и завршило во водите на Скадарското Езеро. Околностите под кои дошло до излетувањето сè уште не се целосно разјаснети и се предмет на истрага.

На местото на настанот веднаш интервенирале надлежните служби, а во акцијата учествувала и шлеп служба, која успеала да го извлече автомобилот од водата.

Засега нема официјални информации за повредени лица, а истражните органи работат на утврдување на точната причина за инцидентот.

Поради увидот, извлекувањето на возилото и зголемениот интензитет на сообраќај, на оваа делница повремено се создаваат застои и забавено движење на возилата.

Службите апелираат до возачите на дополнителна внимателност при движење по овој патен правец.