ПРВ.мк
Балкан

„ОВА Е ДОКАЗ ЗА ТЕРОР“: Вучиќ остро реагираше по опомената во српскиот парламент!

„ОВА Е ДОКАЗ ЗА ТЕРОР“: Вучиќ остро реагираше по опомената во српскиот парламент!

Бурна расправа и прекини го одбележаа заседанието на Народното собрание на Србија, откако претседавачот Александар Чупиќ му изрече опомена на Александар Вучиќ поради непочитување на дневниот ред.

Инцидентот се случил за време на расправата за избор на потпретседатели на парламентот, кога Чупиќ го предупредил Вучиќ да се придржува до темата на седницата.

По изречената опомена, Ана Брнабиќ бурно реагирала и му пришла на претседавачот. Кон неговата маса се упатил и пратеникот Миленко Јованов, по што и двајцата добиле опомени.

Вучиќ остро се спротивставил на одлуката, тврдејќи дека не кажал ништо навредливо и дека опомената е неоправдана.

„Не ве навредив, не кажав ниту еден грд или непристоен збор. Ова е само доказ за терор“, изјавил Вучиќ, според српските медиуми.

Тој тврдел дека опомената ја добил затоа што за пратениците од Студентската листа рекол дека не се демократи, а за Чупиќ дека не е толку скромен како што бил претставен.

По инцидентот, пратениците на Српската напредна странка станале од своите места во знак на протест.

Чупиќ најпрво прогласил пауза од 15 минути, но потоа се откажал од неа откако редот во салата бил воспоставен, дозволувајќи му на Вучиќ да го продолжи излагањето.

По завршувањето на неговиот говор, тензиите повторно се зголемиле, а претседавачот прогласил нова пауза од десет минути.

Снимката од инцидентот беше објавена во српските медиуми и го прикажува моментот на изрекување на опомените и реакциите во собраниската сала.