ПРВ.мк
Македонија

Клековски со новото раководство на Лекарската комора: Отворен дијалог за подобро здравство

Клековски со новото раководство на Лекарската комора: Отворен дијалог за подобро здравство

Министерот за здравство Сашо Клековски оствари средба со новоизбраното раководство на Лекарската комора на Македонија, на која се разговараше за продлабочување на соработката и заедничко решавање на предизвиците во здравствениот систем.

Нов претседател на Комората е проф. д-р Никола Јанкуловски, додека за заменик-претседател е избран д-р Идриз Орана. За потпретседатели се избрани д-р Биљана Петковска Огњанова за примарно, д-р Ленче Нелоска за секундарно и д-р Ристо Тодоров за терцијарно здравство, додека д-р Билјана Ѓорѓиевска е претседател на Собранието.

Клековски им го честиташе изборот и им посака успешен мандат, нагласувајќи дека Лекарската комора треба активно да биде вклучена во процесите кои се однесуваат на здравствените работници и пациентите.

На средбата се разговараше за редовна и отворена комуникација меѓу Министерството и Комората, консултации при подготовката на реформите и заедничко изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат лекарите на примарно, секундарно и терцијарно ниво.

Клековски ја посочи Лекарската комора како природен партнер на Министерството за здравство, истакнувајќи дека довербата и вклученоста на медицинската струка се важни за спроведување успешни здравствени политики.

„Таму каде што има доверба и заедничка работа, резултатите се гледаат кај пациентите“, порача Клековски.