ПРВ.мк
Балкан

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ПАТНИЦИТЕ: Не се упатувајте вечерва кон Евзони - ова е причината!

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ПАТНИЦИТЕ: Не се упатувајте вечерва кон Евзони - ова е причината!
Kristal

За денеска, 5 јануари 2026, е најавена нова четиричасовна блокада на граничниот премин „Евзони“ (Богородица) поради протестите на грчките земјоделци. Ограничувањето треба да трае од 18:00 до 22:00 часот по македонско време (19:00–23:00 по грчко).

Грчките медиуми информираат дека блокадата формално се однесува на товарниот сообраќај, но претходното искуство покажува дека и патничките возила често се заглавуваат во колони и се очекуваат значителни доцнења, особено во „ударни“ термини за патување. Паралелно, ограничувања се најавуваат и на други премини во северна Грција, вклучително и на Ники (Меџитлија), каде во одредени периоди се блокира товарниот сообраќај.

За утре, 6 јануари, кога во Грција се слават Водици (Теофанија), се очекува непречено движење на возилата преку Евзони. Сепак, земјоделците најавуваат нова ескалација на протестите по празникот, со можни блокади на клучни патни и царински точки во четврток и петок, на 8 и 9 јануари.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска свика вонредна средба во премиерската зграда „Максимос“, на која се разгледува состојбата со земјоделските протести и мерките што Владата може да ги преземе поради притисокот од блокадите.

За македонските граѓани се препорачува: ако не мора, одложете го патувањето за Грција вечерва и планирајте алтернативен термин. Доколку сепак тргнувате, сметајте на застои, проверете ја состојбата непосредно пред поаѓање и имајте резервен план преку други премини, бидејќи ограничувањата се менуваат динамично во зависност од одлуките на протестните групи и состојбата на терен.

FixCredit
Escape