Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека ќе се обиде да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да ги поддржи плановите за одржување референдум за независност на Република Српска.
„Претходно сме разговарале за ова, иако Путин отсекогаш го почитувал Дејтонскиот договор и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Многу работи се променија, и ќе се обидам да ја добијам неговата поддршка. Не можам да гарантирам успех, но ова ќе биде тема на разговор“, изјави Додик за руската служба на Би-Би-Си.
Тој истакна дека референдумот е легитимна можност народот да го изрази своето мислење за важни прашања. „Тоа е цивилизациско достигнување кое му припаѓа на српскиот народ“, додаде Додик.
На прашањето што ако федералната влада и високите претставници како Кристијан Шмит не ги признаат резултатите од референдумот закажан за 25 октомври, Додик посочи дека тоа би значело игнорирање на волјата на народот. „Ова ќе биде основа за создавање нови политички процеси во кои ќе се бориме за афирмација на ставот на народот. Можно е наскоро да го прашаме народот дали сака да живее во Босна и Херцеговина каде неговата волја не се почитува“, заклучи тој.