ПРВ.мк
Балкан

ИСПОВЕД ШТО ЈА ЛЕДИ КРВТА: Сведок открива што се случувало за време на летот на „Рајанер“!

ИСПОВЕД ШТО ЈА ЛЕДИ КРВТА: Сведок открива што се случувало за време на летот на „Рајанер“!

Вистинска драма се одвивала на летот на „Рајанер“ од Солун, кога за време на летот пукнал прозорец, а 61-годишен државјанин на Србија, кој седел до него, за малку ќе бил извлечен од авионот.

Неговата сопруга, која седела веднаш до него, за грчката телевизија „Мега“ ги опиша застрашувачките моменти во кои таа, една сопатничка и уште еден патник со огромен напор се обидувале да го задржат, додека половина од неговото тело било надвор од леталото.

„Летавме околу 30 до 40 минути кога одеднаш пукна прозорецот. Мојот сопруг седеше до него. Сè се случи за секунда. Поради разликата во притисокот половина од неговото тело заврши надвор од авионот. Во кабината почна да лета сè, паднаа кислородните маски, а никој не знаеше што да направи. Сите плачеа“, раскажала таа.

Според нејзиното сведоштво, првично таа и една патничка сами се обидувале да го задржат, а потоа им се приклучил и маж кој седел во соседниот ред.

„Ние двете го држевме, а потоа дојде господинот од редот до нас и заедно го влечевме за раката, додека половина од неговото тело беше надвор од авионот“, изјавила сопругата.

Грчките медиуми наведуваат дека безбедносниот појас одиграл клучна улога во спасувањето на патникот, бидејќи спречил тој целосно да биде извлечен од авионот.

По инцидентот, пилотите веднаш ја смениле рутата и безбедно слетале на аеродромот „Македонија“ во Солун, по што сите патници биле евакуирани.

Повредениот 61-годишен српски државјанин, како и лицата кои му помогнале, биле пренесени во болница. Од Генералниот конзулат на Србија во Солун соопштиле дека неговиот живот не е во опасност, а лекарите продолжуваат да ја утврдуваат тежината на повредите.

Според првичните информации што ги пренесуваат грчките медиуми, при спуштањето на авионот наводно се откачил дел од оштетениот мотор, кој удрил во прозорецот на кабината, по што дошло до негово пукање. Надлежните институции спроведуваат истрага за да ги утврдат точните причини и околности за инцидентот.