ПРВ.мк
Балкан

Вештачката министерка Диела „бремена“ – ќе роди 83 деца за албанскиот парламент!

Вештачката министерка Диела „бремена“ – ќе роди 83 деца за албанскиот парламент!

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ја изненади јавноста со необична изјава – министерка создадена со вештачка интелигенција по име Диела е „бремена“ и наскоро ќе „роди“ 83 виртуелни асистенти за членовите на албанскиот парламент.

Веста ја соопшти на Берлинскиот глобален дијалог, каде што зборуваше на тема „Револуционерни решенија за турбулентни времиња“. „Сакам да споделам дека Диела е бремена. Очекуваме 83 деца – по еден асистент за секој пратеник од Социјалистичката партија“, изјави Рама, додавајќи дека овие дигитални асистенти ќе им помагаат на пратениците во секојдневната работа, подготвувајќи белешки, предлози и резимеа, дури и кога тие не се присутни на седниците.

Премиерот нагласи дека ова претставува нова ера во интеграцијата на вештачката интелигенција во политичкиот систем на Албанија и дека системот треба целосно да профункционира до крајот на 2026 година.

Министерката Диела, создадена со помош на вештачка интелигенција, беше претставена во септември како прв „цифровен“ член на владата. Нејзина задача е да ги надгледува сите владини набавки, со цел да се создаде систем кој ќе биде целосно отпорен на корупција и поткуп.

Покрај тоа, Диела е веќе препознатлива меѓу граѓаните бидејќи ја управува платформата „е-Албанија“, преку која скоро сите административни и владини услуги во земјата се достапни во електронска форма.

Со најновата најава на Рама, Албанија повторно влезе во фокусот на светската јавност – овојпат како земја што прави чекор напред во дигитализацијата на политиката, но и со доза на хумор која го освои интернетот.

Escape