ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) НУРКАЧ СНИМИ НЕОБИЧНА РИБА СО ОГРОМНИ „КРИЛЈА“ - Изненадени туртистите во Грција

(ВИДЕО) НУРКАЧ СНИМИ НЕОБИЧНА РИБА СО ОГРОМНИ „КРИЛЈА“ - Изненадени туртистите во Грција

Необична средба под вода го изненадила српски турист додека нуркал во близина на Никити, на Халкидики. На морското дно забележал риба со големи градни перки кои, кога се раширени, изгледаат како крилја.

Туристот раскажал дека нуркал со детска маска кога го забележал морското животно. Воодушевен од глетката, веднаш ја повикал сопругата да го види, но таа, според неговото сведоштво, се исплашила и се оддалечила.

Тој подоцна го споделил искуството во Фејсбук групата „Грчка инфо“, каде објавата предизвикала бројни реакции. Некои членови навеле дека слична риба забележале и во морето во близина на Торони.

Една од членките на групата посочила дека најверојатно станува збор за таканаречен летечки петел, вид препознатлив по големите перки кои ги шири како крилја. Според информациите споделени во групата, рибата не се смета за опасна или отровна.

Туристот појаснил дека фотографиите во неговата објава не се направени при самата средба, туку биле преземени од интернет за да покаже како изгледала рибата што ја видел.

Иако, како што вели, нурка повеќе од десет години, ваква глетка дотогаш немал забележано. Најмногу го воодушевиле сините нијанси на перките и начинот на кој рибата речиси се камуфлира додека мирува на песочното дно.

ВИДЕО