ПРВ.мк
Балкан

Познато кога пензионерите ќе ја добијат државната помош – најавени и нови поволности

Познато кога пензионерите ќе ја добијат државната помош – најавени и нови поволности

Пензионерите во Србија ќе ја добијат најавената еднократна државна помош најдоцна до 15 септември, а постои можност исплатата да започне и неколку дена порано.

Директорот на ПИО фондот, Реља Огњеновиќ, изјави дека во тек се законските измени потребни за реализација на исплатата и изрази уверување дека средствата навреме ќе бидат префрлени на сметките на сите пензионери.

Исплатата ќе се врши преку редовниот систем за исплата на пензиите, а на известувањата секој корисник ќе може јасно да види колкав износ му е исплатен и по кој основ.

Од ПИО фондот информираат и дека во изминатиот период биле раскинати повеќе од 2.000 договори со компании поради неправилности и можни злоупотреби на штета на пензионерите. Надлежните нагласуваат дека единствен официјален документ за користење попусти е пензионерската картичка, со која корисниците можат безбедно да ги остварат договорените поволности.

Покрај финансиската помош, најавени се и нови олеснувања во здравствениот сектор. Во наредните недели се очекува да биде претставена соработка со приватни здравствени установи и лаборатории, со што пензионерите ќе добијат полесен пристап до лабораториски анализи и медицински прегледи, особено во помалите градови и руралните средини.