ПРВ.мк
Балкан

„2026 ќе ја реши иднината на Србија“

„2026 ќе ја реши иднината на Србија“

Претседателот Александар Вучиќ оцени дека изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија. Тој не прецизираше точен датум за распишување на парламентарните избори, иако студентските протести и граѓаните кои ги поддржуваат веќе неколку месеци бараат нивно одржување.

Вучиќ критички се осврна кон опозицијата, истакнувајќи дека изборите ќе претставуваат избор помеѓу неутралност и независност, како и помеѓу економски развој и враќање во минатото.

Тој ги повика поддржувачите и членовите на Српската напредна странка (СНС) да се борат уште посилно за земјата на претстојните избори, „кога и да се“, и им понуди лична поддршка, иако самият Вучиќ повеќе не може да се кандидира за претседател на Србија.

„Сакам да победам поубедливо од кога било досега“, заклучи Вучиќ.

Escape