Полицијата во Задар реагирала по пријава од граѓани за недолично и вознемирувачко однесување на јавен простор, откако државјанин на Словенија бил забележан како изведува скандалозен „перформанс“ на отворен балкон во населбата Боштарница.
Според сведоштва на очевидци, мажот бил на терасата на станот и се однесувал недолично пред погледите на минувачите на улицата. Неговото однесување предизвикало шок и вознемиреност кај дел од граѓаните, кои веднаш направиле фотографии и ги споделиле на социјалните мрежи.
Материјалите за кратко време се прошириле онлајн, по што случајот стигнал и до надлежната полиција. Полициските службеници брзо реагирале, го лоцирале станот и излегле на терен, каде го затекнале лицето и го предупредиле за неговото однесување.
По кратка интервенција, мажот бил приведен и однесен во полициска станица, каде било утврдено дека со своето однесување го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирил граѓаните.
Против него била поднесена пријава поради кршење на одредбите за јавен ред и мир, а случајот бил процесуиран пред надлежен суд во Задар.
При дополнителна проверка, кај него била пронајдена и помала количина на наркотична супстанција, најверојатно кокаин, поради што бил пријавен и за поседување и злоупотреба на дрога.
По спроведената постапка, судот го прогласил за виновен и му изрекол парична казна од 866 евра. Од полицијата е потврдено дека целата интервенција завршила без дополнителни инциденти, а лицето било пуштено по завршување на постапката.










