Шпанската полиција запленила околу 1,5 тони кокаин во А Побра до Карамињал, во Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и хрватски државјанин, објавија локалните медиуми.
Дрогата била пронајдена во објект на имот во близина на морето, каде што, според досегашната истрага, била привремено складирана.
Галицискиот брег е познат како една од важните точки за внесување кокаин во Шпанија преку Атлантикот од Јужна Америка.
Шпанските истражители проверуваат и можни врски со криминални структури од Балканот. Во претходни случаи биле регистрирани контакти меѓу локални криминални групи и лица од Црна Гора, Србија и Хрватска.
Засега не е потврдено дека заплената од 1,5 тони е поврзана со конкретна балканска криминална организација.








