Трочлено семејство од Босна и Херцеговина е пронајдено мртво утрово во нивната семејна куќа во Чачак, Србија, во случај што ги шокираше и локалните жители и полицијата.
Според српските медиуми, во куќата биле пронајдени телата на таткото и мајката, двајцата на возраст од околу 75 години, како и нивниот 47-годишен син. До телото на синот бил пронајден нож, но засега не е познато дали станува збор за двојно убиство и самоубиство или за тројно убиство.
Соседите за агенцијата РИНА изјавиле дека семејството било познато како мирни, чесни и вредни луѓе кои не живееле постојано во куќата, туку доаѓале повремено. Синот, според нив, живеел во странство и исто така немал никакви проблеми со соседите.
Полицијата целосно го обезбеди местото на трагедијата и работи на утврдување на сите детали. Причините и начинот на смртта ќе бидат познати по завршување на истрагата.

















