Нов пожар избувна во петокот вечерта на Дуги Оток во Хрватска, на отворена површина над местото Брбињ.
Информацијата ја потврди началникот на противпожарната служба на Задарската жупанија, Матеј Рудиќ, кој соопшти дека локалните пожарникари од Сали веднаш се вклучиле во гаснењето.
Од Задар кон островот со траект биле испратени 15 противпожарни возила, заедно со дополнителни пожарникарски екипи.
Според Рудиќ, поголем дел од пожарникарите кои се упатени на Дуги Оток претходно во текот на денот биле ангажирани во гаснењето на пожарот во Нински Станови.
Огнот зафатил отворен простор, а според првичните информации главно гореле макија, ниска вегетација и делови од шумата.
Противпожарните екипи продолжуваат со интервенцијата, а засега нема информации за повредени лица или загрозени објекти.
Надлежните ја следат состојбата на терен и дополнителни информации се очекуваат во зависност од развојот на пожарот.










