ПРВ.мк
Балкан

Град и урагански ветрови рушеа дрвја и кршеа автомобили (ФОТО)

Град и урагански ветрови рушеа дрвја и кршеа автомобили (ФОТО)
Escape

Силен град проследен со силен ветер синоќа ја погоди областа Горишка во Словенија, предизвикувајќи големи штети во Постојна и Логатец. Паднати дрвја, искршени прозорци и уништени покриви се само дел од последиците, а неколку возила се тешко оштетени.

Чудо е што нема жртви – едно дрво паднало врз автомобил со 31-годишна жена, но таа поминала неповредена. Слична сцена се одигра и покрај основно училиште во Шемпетер, каде паднало дрво, но за среќа немало ученици во близина.

Mia Home Mavrovo