ПРВ.мк
Топ Вести

ПОЛИТИЧКИ ПРЕСВРТ: Орбан се откажува од пратеничкото место - што значи ова за државата?

ПОЛИТИЧКИ ПРЕСВРТ: Орбан се откажува од пратеничкото место - што значи ова за државата?

Лидерот на партијата Виктор Орбан најави дека ќе се откаже од пратеничкото место што го освои на парламентарните избори одржани на 12 април во Унгарија.

Орбан изјави дека својата енергија ќе ја насочи кон „обнова на националното движење“, наместо кон работа во парламентот.

Тој посочи дека пратеничката група на неговата партија Фидес – Унгарски граѓански сојуз ќе ја предводи неговиот шеф на кабинет, Гергеј Гујаш.

На состанок на партијата, како што информираше Орбан, биле донесени повеќе одлуки за реструктурирање на парламентарната група, а нов состав се очекува да биде формиран во понеделник.

„Јас не сум потребен во парламентот, туку во процесот на реорганизација на националното движење“, изјави Орбан, додавајќи дека раководството на партијата му препорачало да остане на чело на Фидес.

Тој нагласи дека, доколку конгресот на партијата ја потврди довербата, е подготвен да ја продолжи својата лидерска улога.