Болница „Плодност“ – Битола продолжува да го развива современиот пристап во гинеколошката хирургија, со примена на напредни лапароскопски техники при третман на различни гинеколошки состојби – од миоми, цисти и ендометриоза, до комплексни оперативни интервенции.
Во рамки на напредната лапароскопска хирургија, д-р Христијан Трпчевски изведува широк спектар интервенции, меѓу кои лапароскопски радикални операции кај карцином на грлото на матката и ендометриумот со сентинел лимфаденектомија, операции на големи миоми, цисти и тумори на јајниците, како и третман на длабока ендометриоза.
Лапароскопски се третираат и вонматерична бременост, проблеми со затнати јајоводи, одредени состојби поврзани со неволно подмочување, пролапс на матката и вагиналниот свод, како и случаи кај кои е потребна хистеректомија на големи матки.
Дел од оперативната програма е и абдоминалниот серклаж пред и за време на бременоста, како и реконструктивни процедури и проценка на проодноста на јајоводите.
Посебно внимание се посветува и на постоперативниот период. Кај пациентките кај кои медицинската состојба го дозволува тоа, предвидена е рана мобилизација околу четири часа по операцијата, додека постоперативниот болнички престој е околу два дена.
Со современа медицинска опрема, стручен тим и индивидуален пристап кон секоја пациентка, Болница „Плодност“ – Битола ја развива напредната лапароскопска хирургија со фокус на безбедноста, професионалноста и грижата за здравјето на жената.
📞 За закажување консултација: 047 208 880 🏥 Болница „Плодност“ – Битола
Професионално. Со грижа. За вашето здравје.










