Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо и нестабилно време во текот на денешниот ден, со врнежи од дожд, грмежи и засилен северен ветер на повеќе места низ државата.
Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси проследени со невреме, обилен пороен дожд, силен ветер со брзина над 60 километри на час и можност за изолирана појава на град.
Утринските температури ќе се движат меѓу 9 и 16 степени, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 21 до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени поројни врнежи и грмежи. Во одделни делови од котлината се можни краткотрајни невремиња со интензивен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура во главниот град ќе биде околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени Целзиусови.








