Најмалку 12 американски војници се повредени во ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавуваат западни медиуми повикувајќи се на американски официјални извори.
Во нападот биле употребени ракети и беспилотни летала, при што биле оштетени неколку авиони за дополнување гориво. Двајца од повредените војници се здобиле со тешки повреди.
На социјалните мрежи се појавија и сателитски снимки кои ги прикажуваат оштетувањата на базата и авионите.
Овој напад доаѓа само еден ден по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран е „поразен“, како и по тврдењата на министерот за одбрана Пит Хегсет дека иранските сили биле неутрализирани.
Според Централната команда на САД (CENTCOM), во конфликтот кој трае речиси еден месец, досега се ранети повеќе од 300 американски војници. Поголемиот дел се вратиле на должност, но околу 30 сè уште не се активни, од кои десет се во тешка состојба.
Базата „Принц Султан“ и претходно била цел на ирански напади.

















