Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани соопшти дека цените на нафтените деривати ќе бидат намалени за повеќе од 2 денари по литар.
Според него, Министерството за енергетика и минерални суровини во соработка со снабдувачот ОКТА договориле попуст од околу 45-50 долари по тон за компаниите што соработуваат со нив. Ова, како што посочи Мицкоски, ќе резултира со намалување од околу 2 денари за литар на горивата.
– Разговарав и со сопствениците на бензинските пумпи, кои потврдија дека намалувањето ќе го пренесат на крајните корисници. Очекувам во текот на денот цените да се намалат за 2,5 денари по литар. Во конкретни средства, тоа значи дека литар дизел ќе чини околу 1,35 евра, рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека минатиот понеделник бил забележан највисок дотур на нафта и нафтени деривати во земјата, со вкупно 2 милиони литри.


















