Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани американски и италијански војници, утрово беше цел на напад од ирански беспилотно летало.
Според информациите, дронот погодил магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили. Италијанското Министерство за одбрана потврди дека во нападот нема повредени војници.
Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, изјави дека Кувајт стана мета поради присуството на американски бази, но дека тоа нема да ги заплаши силите на Италија, кои ќе продолжат да ги исполнуваат своите меѓународни обврски.


















