Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби информира дека во вторник ќе се реализира уште еден евакуациски лет за македонски државјани од Дубаи до Скопје.
Од амбасадата соопштуваат дека подготовките за летот се во завршна фаза и ги повикуваат сите граѓани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, а имаат итна и приоритетна потреба од евакуација, во најкус можен рок да се пријават.
Евидентирањето на заинтересираните може да се изврши преку следните контакти на амбасадата:
📞 Телефон: +971 56 441 7532 📧 Е-пошта: [email protected]
Надлежните апелираат граѓаните кои имаат потреба од враќање во земјата навремено да се јават за да бидат вклучени во списокот за летот.


















