ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајка пред „Дојран“, има повредени - ова се деталите!

Тешка сообраќајка пред „Дојран“, има повредени - ова се деталите!
Kristal

На 15.03.2026 година во 03:48 часот, во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничниот премин „Дојран“, патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А. (55) од Нов Дојран, излетало надвор од патот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. На местото на несреќата извршен е увид од страна на екипа на Полициската станица Гевгелија, а јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија е запознаен со случајот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo