ПРВ.мк
Топ Вести

СНЕЖНАТА БУРА ПАРАЛИЗИРА СЕ: Електричната мрежа колабираше, илјадници без струја - ова се деталите!

СНЕЖНАТА БУРА ПАРАЛИЗИРА СЕ: Електричната мрежа колабираше, илјадници без струја - ова се деталите!
Kristal

Вкупно 11.250 домаќинства во окрузите Алба, Марамуреш, Салаж, Прахова и Клуж останаа без електрична енергија поради влошената метеоролошка состојба во Романија, соопшти министерот за енергетика Богдан Иван.

– На терен се мобилизирани 341 екипа со 911 специјалисти, кои досега извршиле над 5.000 интервенции. За отклонување на дефектите се користи тешка механизација, кранови, дронови, па дури и моторни санки, бидејќи многу од оштетувањата се на тешко достапни места каде патиштата сè уште се блокирани, изјави министерот Иван.

Тој посочи дека снабдувањето со електрична енергија ќе се нормализира до крајот на неделата, но предупреди на можни нови прекини поради екстремно заладување од недела, кога температурите ќе паднат под нулата. Министерот додаде дека земјата располага со доволно гас, со складишта наполнети до 70% од капацитетот, што е значително над европскиот просек.

– Падот на температурите до -15 степени ќе ја зголеми потрошувачката на гас за 20 проценти, прецизираше Иван.

Лошите временски услови предизвикаа и сериозни доцнења во железничкиот сообраќај, особено во реоните на Крајова и Темишвар, каде возовите каснеа од четири до пет часа. Првиот снег за оваа година го отежна и сообраќајот во Букурешт, токму на првиот училишен ден во 2026 година.

FixCredit
Escape