Во духот на простувањето и заедништвото, денес во Љубанци свечено беше одбележан големиот христијански празник Прочка. Под маски и во празнична атмосфера се одржа традиционалниот карневал, кој и оваа година привлече голем број посетители.

Жителите на селото, но и гостите од различни делови, заеднички ја продолжија долгогодишната традиција што се пренесува со генерации. Карневалот во Љубанци има длабоки историски корени, кои според преданијата датираат уште од XIII век, од времето на постоењето на селото, со елементи што потекнуваат и од паганскиот период.
Општина Бутел и годинава беше главен покровител на манифестацијата, давајќи поддршка за зачувување на ова значајно културно наследство.

Со пораката „Простено да ви е од мене и од Бога“, празникот уште еднаш ја потврди важноста на традицијата, духовноста и македонскиот идентитет.
За многу години!



























