На 21 февруари 2026 година, околу 18:04 часот, во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека во установата дошло до физички напад меѓу двајца притвореници.
Според информациите, Ш.М. физички го нападнал М.М., при што двајцата се наоѓале во притвор.
Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

















