На 22 февруари 2026 година, во 04:37 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Општина Аеродром избувнал пожар на патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 48-годишниот Ѓ.А. од Скопје.
На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, која успеала да го изгасне пожарот. Според информациите, во настанот нема повредени лица.
За случајот е известен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Скопје. Надлежните преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои настанал пожарот.

















