ПРВ.мк
Топ Вести

ЗАКОН ШТО СИТЕ ГО ЧЕКАА: Новите градби ќе добијат парно греење таму каде е возможно - еве од кога стапува на сила овој закон!

ЗАКОН ШТО СИТЕ ГО ЧЕКАА: Новите градби ќе добијат парно греење таму каде е возможно - еве од кога стапува на сила овој закон!
Kristal

Попладнево, во рамки на 72. седница, Собранието ги усвои измените на Законот за градење, со кои се предвидува дека новите станбено-деловни градби и градбите за колективно домување на подрачја со техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително ќе мора да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска и техничка инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење.

Пратениците исто така ги донесоа измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. При расправата за овој закон, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, истакна дека на седницата нема присутни пратеници од опозицијата:

„Ценам дека ваков тип на закони кога доаѓаат од страна на пратениците, треба да бидат поддржани од сите пратеници, но може да забележиме дека имаме нула присутни од опозицијата. Ниту еден пратеник од опозицијата не е присутен на оваа седница, што укажува дека опозицијата молчи кога се носат позитивни закони.“

На ова реагираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, нагласувајќи дека отсутноста на опозицијата претставува показна вежба за парламентарното мнозинство и дека секогаш кога нема да имаат минимум 61 пратеник, опозицијата ќе биде надвор:

„Опозицијата е тука, треба да си најдете одговор како од 78 пратеници немате 60 за да држите седница. Ова е показна вежба и од сега натаму секогаш кога нема да имате 61 пратеник, ние ќе бидеме надвор пред врата и ќе чекаме надвор. Ако сакате да помогнете, треба сите да бидеме присутни тука.“

Во рамки на 72. седница беа усвоени и измените на законите за средно и основно образование, како и одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, со што седницата опфати значајни законски решенија од различни области.

FixCredit
Atensa 300
Escape