ПРВ.мк
Топ Вести

АЛИУ ПРЕДУПРЕДУВА: Пикот на грипот е пред нас – еве што треба да направите за да се заштитите!

АЛИУ ПРЕДУПРЕДУВА: Пикот на грипот е пред нас – еве што треба да направите за да се заштитите!
Kristal

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја информира јавноста дека земјата се подготвува за врвот на сезоната на грип, кој се очекува да настапи во наредните две до три недели. Иако бројот на заболени во моментов не е алармантен во споредба со претходните години, се очекува зголемен притисок врз здравствените установи во претстојниот период.

Министерот ја истакна вакцинацијата како најважна мерка за заштита на населението, откривајќи дека оваа година е постигнат рекорден интерес.

– „Задоволство ми е да информирам дека оваа година првпат 77.000 граѓани веќе се вакцинираа против грип. Тоа е најдобриот начин да се создадат услови за телото да биде заштитено“, рече Алиу.

Министерството апелира до граѓаните да се вакцинираат навремено и да ги следат препораките за превенција, со цел намалување на ризикот од ширење на вирусот и олеснување на работата на здравствениот систем.

FixCredit
Escape