Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ оддаде почит на легендарната кантри пејачка Доли Партон, најавувајќи дека во нејзина чест американските знамиња низ земјата ќе бидат спуштени на половина копје во период од една недела.
Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social, каде што порача дека заминувањето на Партон претставува огромна загуба за милиони луѓе.
„Никогаш немало никој како неа и никогаш повеќе нема да има. Почивај во мир, Доли! Светот те сака“, порача американскиот претседател.
Спуштањето на знамињата на половина копје претставува ретка државна почест, која во САД најчесто се оддава по смртта на значајни државни и воени личности или по големи национални трагедии.
Доли Партон почина во Нешвил, откако во изминатиот период се соочувала со здравствени проблеми поради кои биле одложени, а подоцна и откажани нејзините планирани настапи во Лас Вегас.
Веста за нејзината смрт предизвика бројни реакции, а пораки за збогување и почит пристигнуваат од целиот свет.







