ПРВ.мк
Свет

ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕШЕ: Силен земјотрес со интензитет од 5,0 степени – еве каде е епицентарот!

ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕШЕ: Силен земјотрес со интензитет од 5,0 степени – еве каде е епицентарот!
Kristal

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Калифорнија рано утрово, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил почувствуван на поширокото подрачје, а според првичните податоци, станува збор за земјотрес со умерена јачина.

Како што се наведува во соопштението, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата. Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени лица, но надлежните служби ја следат состојбата.

Овој земјотрес доаѓа само еден ден по потресот кој вчера ги вознемири дел од граѓаните во Македонија, особено во југозападните региони на државата.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, која е составена од сеизмолошки станици распоредени низ целата територија и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес вчера во 22 часот и 6 минути.

Според официјалните податоци, епицентарот на овој земјотрес потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга, кое се наоѓа на околу 103 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил со локална магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала и бил почувствуван од дел од населението, без да бидат пријавени штети.

FixCredit
Escape