ПРВ.мк
Македонија

НОВИ ИЗМАМИ СЕ ШИРАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Маж измамен за 5.000 евра - еве што му ветувале!

НОВИ ИЗМАМИ СЕ ШИРАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Маж измамен за 5.000 евра - еве што му ветувале!
Kristal

Осумдесет и петгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен и останал без 5.000 евра, откако бил доведен во заблуда од две лица кои му оставиле лажни дијамантски алки како наводна гаранција.

Според МВР, на 30 декември 2025 година околу 16 часот, оштетениот пријавил дека измамата се случила неколку часа претходно, околу 11 часот, на подрачјето на општина Центар. Тој бил пресретнат од две непознати лица, при што едното лице се претставило како државјанин на Хрватска што работи во Кувајт.

Лицата го убедиле скопјанецот да им покаже евра за споредба со парите кои наводно ги поседувале. Верувајќи во приказната, тој ги зел парите од својот дом и им ги предал. За возврат, како „гаранција“, му оставиле три наводно дијамантски алки, ветувајќи дека ќе се вратат и ќе му ги вратат парите.

Откако лицата не се појавиле, скопјанецот сфатил дека бил измамен, а алките биле без реална вредност, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

FixCredit
Escape