ПРВ.мк
Македонија

Страотна сообраќајна несреќа во Македонија, шест лица итно пренесени во болница - МВР со детали!

Страотна сообраќајна несреќа во Македонија, шест лица итно пренесени во болница - МВР со детали!
Kristal

На регионалниот пат Желино – Тетово вчера наутро се случи сообраќајна несреќа во која едно лице се здоби со тешки повреди, а пет други, меѓу кои и две деца, со полесни повреди.

Во судирот учествувале „БМВ“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Љ.П. (44) од Голема Лешница, и „Фолксваген Голф“ со тетовски ознаки, управувано од Х.Љ. (40) од Добарце. Судирот завршил со удари и во паркирано возило „Јагуар“ на А.З. (31) од Требош.

Возачот на „БМВ“ се здобил со тешки повреди, додека останатите пет лица, вклучувајќи две деца на пет и шест години, се пренесени во Клиничката болница во Тетово со полесни телесни повреди.

Министерството за внатрешни работи ја регистрирало несреќата во 10:35 часот, а истрагата за причините продолжува.

FixCredit
Escape