Маж од гостиварско загина во несреќа со трактор.
На 30.12.2025 околу 15:15 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во село Долна Бањица, М.К. (69) од истото село, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош Гостивар ја констатирал смртта, стои во денешниот полициски билтен.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.















