ПРВ.мк
Свет

Зеленски со сериозни обвинувања: „Путин директно профитира од војната“

Зеленски со сериозни обвинувања: „Путин директно профитира од војната“
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изнесе тврдења дека Русија имала улога во нападот врз американска воена база во Саудиска Арабија, посочувајќи дека Москва наводно споделувала разузнавачки информации со Иран пред самиот удар.

Според него, украинските разузнавачки служби утврдиле дека руски сателити ја снимале воздухопловната база „Принц Султан“ неколку дена пред нападот, конкретно на 20, 23 и 25 март. Само еден ден подоцна, на 26 март, следел напад во кој биле повредени американски војници и оштетена воена опрема.

Зеленски изјави дека, според украинското искуство, ваквото повторено снимање на иста локација е јасен сигнал за подготовка на напад. Тој објасни дека првото снимање значи набљудување, второто претставува некаква симулација, додека третото укажува дека нападот е непосреден и може да се случи во рок од ден или два.

Иако овие тврдења предизвикаа силни реакции, во извештајот не се наведени конкретни докази за сателитските снимки, ниту пак е потврден начинот на кој Украина дошла до тие информации. Дополнително, медиумите не успеале независно да ја потврдат нивната точност.

Претходно, информации во јавноста сугерираа дека Русија можеби му доставува разузнавачки податоци на Иран за позициите на американските сили на Блискиот Исток, но рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги демантираше овие наводи, иако призна дека постои воена соработка меѓу двете земји.

Во меѓувреме, Володимир Зеленски ги посети земјите од Персискиот Залив, каде договорил одбранбени соработки со Саудиска Арабија и Катар. Според договорите, Украина ќе обезбеди техничко знаење и експертиза, додека за возврат ќе добие значителни инвестиции во својата одбранбена индустрија.

Тој исто така предупреди дека постои ризик дел од американската воена помош да биде пренасочена од Украина кон Блискиот Исток поради зголемената побарувачка за противракетни системи. Иако засега нема прекин во испораките, Зеленски изрази загриженост за можните последици.

Осврнувајќи се на пошироката слика, тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин има значителна корист од актуелниот конфликт. Според него, зголемените цени на нафтата и евентуалното олеснување на санкциите ѝ носат дополнителни приходи на Москва, кои потоа може да се насочат кон воени цели.

Зеленски додаде и дека ескалацијата на Блискиот Исток дополнително ги забавува и онака тешките преговори меѓу Украина и Русија, правејќи ја ситуацијата уште покомплицирана на глобално ниво.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape