Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија не планира завршување на војната, туку презема чекори што укажуваат на подготовка за нови офанзиви.
Во порака на социјалните мрежи, тој се заблагодари на лидерите на ЕУ за поддршката на украинската независност и територијален интегритет, нагласувајќи дека единството на ставовите е клучно и дека треба да се зголеми притисокот врз Русија.
Зеленски рече дека сите одлуки мора да ја зајакнат заедничката безбедност на Украина и Европа, а доколку Русија продолжи со нападите, треба да сноси одговорност. Тој ја поддржа и иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за самит со Владимир Путин, но предупреди дека светот не смее повторно да биде измамен.
Украинскиот лидер порача дека притисокот врз Русија мора да продолжи преку воена сила, санкции и дипломатија, завршувајќи со пораката: „Мир преку сила“.