Целосен прекин на воздушниот сообраќај го погоди главниот аеродром во Берлин, откако штрајк на вработените доведе до откажување на сите летови во текот на денот.
На Аеродром Берлин Бранденбург, повеќе од 440 летови беа откажани, што директно погоди околу 57.000 патници. Иако ситуацијата изгледа драматично, терминалите останале речиси празни бидејќи авиокомпаниите навреме ги известиле патниците за откажувањата.
Штрајкот го организираше Верди, најголемиот синдикат во јавниот сектор во Германија. Околу 2.000 вработени, вклучувајќи служби како противпожарна заштита и контрола на сообраќајот, учествуваа во прекинот на работата.
Иако безбедносниот персонал не се приклучил на штрајкот, аеродромот сепак бил затворен поради неможност да се обезбеди нормално функционирање на летовите.
Од градските власти во Берлин апелираа што побрзо да се најде решение, додека синдикатот бара зголемување на платите и подобри услови за вработените.
Овој настан е само дел од серијата штрајкови кои веќе подолго време го нарушуваат воздушниот сообраќај во Германија, оставајќи илјадници патници во неизвесност.


















